Второ издание на Beach Film Festival во Охрид

Written by on 28 јуни 2019

Охрид, 28. јуни 2019 – Од 18-ти до 21-ви јули, на плажата „Оревче“ во Охрид ќе се одржи второто издание на Фестивалот на нов европски филм Beach Film Festival.

Станува збор за интердисциплинарен настан кој е фокусиран на развојот, односно презентацијата на новиот европски филм и неговата идентификација како посебен културолошки феномен. Со својот иновативен концепт, Beach Film Festival се издвојува од досегашните фестивалски стандарди.

Планирани се проекции на 7 долгометражни и 20 краткометражни филмови. Голем дел од филмовите селектирани на нашиот фестивал се селектирани и наградувани на реномирани светски фестивали како Sundance, Berlinale, Cannes Film Festival итн.

Повеќе за Beach Film Festival ОВДЕ. (Крај)


Super radio Ohrid – Live

Current track

Title

Artist