Sigma & John Newman – High On You

Written by on 12 јули 2020

Sigma е британско drum and bass продуцентско дуо, во чиј состав се Cameron James Edwards и Joseph Aluin Lenzie. Нивната приказна започнува во 2010-тата, кога како студенти ја издаваат соработката со DJ Fresh насловена како „Lassitude“ со која се позиционираат на 98-мата позиција на листата на најпродавани синглови во Велика Британија. Четири години подоцона, во 2014-тата, го добиваати првиот број 1 сингл – „Nobody to Love “. Зад себе имаат само еден студиски албум („Life “, 2015), но и дури 9 екстендетплејки. Од почетокот на годинава имаат издадено три траки. Првата е соработка со Sam Feldt и Gia Koka, а втората со британскиот изведувач Shakka. Најновата соработка е насловена како „High on You“ и е соработка со познатиот John Newman. Токму неа денес на Супер радио ја слушаме како SUPERPLAY: Sigma & John Newman – „High On You“.

SuperPlay се емитува секој ден во: 06:00 / 07:00 / 08:00 / 10:00 / 12:00 / 14:00 / 15:00 / 17:00 / 18:00 / 19:00 и 23:00 часот.


Super radio Ohrid – Live

Current track

Title

Artist