Охрид, 7. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во популарната Facebook група Муабети од Охрид и околината, од 2020 година, кога е отворена, секојдневно се споделуваат прекрасни приказни за Охрид и околината, вистински спомени од едно минато време, некогашниот начин на живот, но и спомени за луѓе и настани кои оставиле сериозен печат во времето.

Со одобрение од администраторот, на OhridPress ќе споделуваме дел од најубавите приказни, се’ во насока да не се заборават најубавите спомени и настани од најубавиот град. Истите ќе бидат споделувани автентично, најчесто на охридски дијалект.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

За занимањата кои веќе ги нема

Денеска ми текна за некој занимања кој денеска ги немат или се поинакви. Порано по чаршија к’ј дуќаните или брашнарите стоеја амали. Ако некој купеше шпоре или подоцна некаква машина, фрижидер или слично, пред дуќан стоеја амали кои то го носеја до дома. Појќето имаја колички на тургајне на која се клаваше купената роба, се врзвеше со фортоми и се носеше по куќи. Имаше и амали кој немаја колички, а беа крупни, јаки и робата ја носеја на рамо. Појќето амали стоеја и к’ј Чинарот и кој имаше потреба тука ги бараше. Каршија Чинарот имаше брашнара, работаше Насте, и оттука амалите носеја врешчина со брашно по куќите. Тогаш ретко се купвеше брашно по кило, две, скоро сите купвеја врешчина. Тие шо имаја ниви со жито, го носеја житото на водејнца и оттаму го земаја брашното. Од тие амали на кои се сетив сега, ќе ги спомнам Сабри кој седеше пред ПТТ, Џафер – каршија шумсконо, Коне кој работаше во „Застава“, а поручек работаше ко амал и други.

Друго занимајне кое сега се изгуби е поврзано со коларите. Коларите имаја коли кои ги тргаше којн или магаре. Отпрвин колите беја помали, после се јавија поголеми кои се викаја шпедитер коли. Со нив носевме градежни материјали како песок, железо, цименто…од стовариштата. Тогаш стоваришта беја к’ј фармана од „Рибар“, пред сервисон „Галеб“ од „Слобода“, к’ј Алтанин мост од „Горица“ и после к’ј дрварана Воска од „Охридска Трговија“. Ги памтам неколку: Имер, Зија, Нафис (татко му од Насер фарбарон)… сите од Воска.

Некој работи се носеја и со којни или магарина, луѓето кои ја работаја ги викавме кираџи. Обично носеја кошој со грозје, јаболка од лозјата и нивите. Појќето беја од Велесто или Којнско. Со којните или магарина носеја нешчо за продавајне на пазар. Го памтам Стефан водејнчарот кој имаше бел којн и ни носеше сомлено брашно од водејнцата под Рамне.

Ко почнаја низ градов да се возет појке коли, милицијава не ги оставаше да одет низ улициве или на пазар со којни, магарина. Памтам дека појќето од Велесто којните ги оставаја и врзвеја дома к’ј нас во куќата стара. Сите тие шо ги оставаја којните, обавезно ќе седнеа и останвеја ушче некое време со татко ми под лозница на по една ракија.

Такво беше времето, луѓето работаја секакви работи за да го турнет животот.

објавил Ѓорги Љатко

Објавите во Facebook групата Муабети од Охрид и околината можете да ги следите ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес/Муабети од Охрид и околината фото: хрид Слики од минатото