Охрид, 7. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишно лице од селото Подмоље, Општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл. 215 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл. 396 од Кривичниот законик.
– На 30 октомври 2025 година, при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа кутија со 25 куршуми и паковка со кокаин. При претрес извршен на 31 октомври 2025 година, по судска наредба, во поранешен угостителски објект во селото Мешеишта, општина Дебрца, што тој го користел, пронајдени и одземени се вкупно 1.357 парчиња муниција различен калибар, 488 стебла од растението канабис, еден метален сандак со куршуми калибар 7,62 милиметри, два стари револвери, еден пиштол калибар 7.65 милиметри, две автоматски пушки, еден тромблонски држач, едно тело и една иницијална каписла од рачна бомба, кои, нелегално ги поседувал, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес