Охрид, 7. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот, д-р Кирил Пецаков, денеска, во чест на 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на хероината Јасна Ристеска во село Рамне, каде што се одржа панихида и културен настан подготвен од најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.
Градоначалникот Пецаков положи свежо цвеќе и пред спомен обележјата на борците во Спомен паркот на револуцијата и го проследи краткиот историски час, подготвен од Сојузот на борци од Охрид и Дебрца.
Делегации на Општина Охрид предводени од советниците во општинскиот Совет положија свежо цвеќе пред спомен обележјата од НОБ кај Градски гробишта, Градски парк, Основен суд, двор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид