Струга, 7. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 6 ноември 2025 година, во 17:40 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во струшкото село Долна Белица, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на лице од селото врз 48-годишник од Струга.
– По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес