
Струга, 11. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи две информации за два сообраќајни прекршоци случени на територијата на ОВР Струга.
На 11 ноември 2026 година, во 01:55 часот на улицата „ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 23-годишно лице од Струга. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „Фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршена контрола, било констатирано дека го управува возилото без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Во друг случај, на 10 ноември 2026 година, во 12:20 часот, на улицата „Боро Хаџиески“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 35-годишно лице од струшкото село Велешта. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршена контрола било констатирано дека го управува возилото иако има забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива