„Children“ наполни 31 година, Robert Miles ја создаде инспириран од фотографии од деца жртви на војната во поранешна Југославија
Охрид, 15. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – Легендарната „Children“ на Robert Miles деновиве наполни 31 година. Класикот на dream house музиката беше издаден во Велика Британија на 13 ноември 1995 година како водечки сингл од неговиот деби албум „Dreamland“, а 31 година подоцна, неговите воведни ноти на пијано и понатаму се прекрасен спомен на едни убави времиња. Песната за прв пат се појави во Италија на почетокот на 1995 година преку издавачката куќа DBX, пред Platipus Records да ја издаде во Велика Британија во ноември истата година. Повторното издавање следеше на почетокот на 1996 година преку Deconstruction Records, по што албумот стана глобален феномен. Нејзиниот успех беше огромен според сите стандарди. „Children“ се искачи на прво место на топ листите во повеќе од 12 земји, вклучувајќи ги Франција, Германија, Швајцарија и Шведска, помина 13 недели на врвот на Eurochart Hot 100 и се искачи на второ место во Велика Британија. Тоа беше најуспешниот сингл во Европа од 1996 година, а оттогаш е сертифициран 3 пати како платинест во Велика Британија. Сепак, она што се знае помалку дека зад мелодијата стоеше многу подлабока цел. Miles бил инспириран од фотографии од деца жртви на војната во поранешна Југославија, кои неговиот татко ги донесол дома после некоја хуманитарна мисија. Како Dj, тој исто така сакаше со оваа смирувачка песна за да ги завршува своите сетови, за рејверите да си одат опуштени пред да се вратат дома, во време кога сообраќајните несреќи по клупските ноќи одземаа многу млади животи. Miles почина во 2017 година, но „Children“ останува негово најсериозно музичко наследство и една од највлијателните плочи во историјата на електронската музика, песна што помогна во обликувањето на dream house звукот од 90-тите години од минатиот век. (Крај) извор: weraveyou.com фото: YouTube screenshot The post „Children“ наполни 31 година, Robert Miles ја создаде инспириран од фотографии од деца жртви на војната во поранешна Југославија appeared first on OhridPress.









