
Охрид, 12. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – „Не ми е срам“ е насловен деби-синглот на младата и исклучително талентирана, 19-годишна вокалистка, Неда Димкова.
Неда е студентка во прва година на Факултетот за музичка уметност, на отсекот за соло пеење, а оваа песна е нејзиниот прв, моќен чекор на македонската музичка сцена.
– Музичкото парче е дело на Александар Масевски, кој се потпишува како комплетен автор и продуцент. Станува збор за модерен и софистициран спој на емотивна поп-балада со динамичен ритам, кој брзо го освојува слушателот. Песната е визуелизирана со естетски видеозапис во режија на младиот и креативен Бојан Василев, информираат од тимот на Неда. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива