Супер радио Охрид

SUPER RADIO · OHRID
СУПЕР РАДИО
Во живо · Ohrid, Macedonia
♫ NOW PLAYING
Live radio
СУПЕР РАДИО
Press play to listen live

Театар „Вортекс“ од Скопје гостува во Охрид со претставата „Кокошка“

Театар „Вортекс“ од Скопје гостува во Охрид со претставата „Кокошка“

Охрид, 17. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – Театар „Вортекс“ од Скопје, со претставата „Кокошка“, според Николај Кољада, во среда, на 25 ноември 2026 година, гостува во Охрид.

Режијата е на Теодора Силјаноска, а во претставата играат Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Ане Блажовски, Ванеса Тримчевска, Toме Станковски и Кристина Гиева.

„Кокошка“ се занимава со потребата за слобода, за копнежот и страста да се сака и да се сонува, дури и кога светот станува студен и апатичен. Таа шарена, невпечатлива птица, сепак нѐ охрабрува да летаме. Во пукнатините и преку анализа на извитоперените вредности, на моралната пакост, на лековерноста, на суетата, се раѓа светот на нашите ликови.
Налик на еден отворен креативен процес, актерите од малиот театар, преку импровизација, баналност, комедија на апсурд, создаваат сѐ во овој миг, пред наши очи на сцена. Тоа е нивниот метод за справување со внатрешниот хаос. Како своевидни џезери, импровизатори, големи аматери, неприкосновени таленти или само обични луѓе, ликовите се борат со игра против непредвидливото, неподносливото, она што е тешко да се признае, против лажното. Во срцето на нивната претстава е младоста, таа го буди заспаниот дух на љубовта и радоста. Таа е бесна глиста во утробата на затворениот систем; немирна, искрена и гладна за промена. Таа се судира со навиките, рамнодушноста и стравот. Таа е кокошка!

Претставата ќе се игра во малата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток од 20:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

The post Театар „Вортекс“ од Скопје гостува во Охрид со претставата „Кокошка“ appeared first on OhridPress.

Scroll to Top