Супер радио Охрид

SUPER RADIO · OHRID
СУПЕР РАДИО
Во живо · Ohrid, Macedonia
♫ NOW PLAYING
Live radio
СУПЕР РАДИО
Press play to listen live

Живот: Ако влезете во нечиј дом и прво што забележите е прашината, не се враќајте во таа куќа, не затоа што таа не е чиста, туку затоа што вашето срце не е

Живот: Ако влезете во нечиј дом и прво што забележите е прашината, не се враќајте во таа куќа, не затоа што таа не е чиста, туку затоа што вашето срце не е

Психологот Барбара Удовичиќ сподели порака на социјалните мрежи која привлече големо внимание и предизвика бројни коментари.

Навидум едноставниот став за прашината во туѓиот дом, всушност крие длабока психолошка лекција за тоа како ги доживуваме другите луѓе и каква енергија внесуваме во нивните животи.

Ако еднаш сте влегле во нечија куќа и веднаш сте обрнале внимание на тоа дали има прашина, нечистотија или неред во куќата, тоа кажува повеќе за вас, отколку за лицето кое ве угостило. Преку едноставен пример од секојдневниот живот, таа истакнува колку нашиот поглед кон малите несовршености може да открие за нас самите, но и за начинот на кој градиме односи со другите.

– Некаде прочитав еден цитат, ќе го парафразирам. Ако влезете во нечиј дом и првото нешто што ќе забележите е прашина на лустерот, на телевизорот… никогаш повеќе не се враќајте во таа куќа. Не затоа што таа куќа не е чиста, туку затоа што вашето срце не е. Замислете, некој ви се нуди себеси, своето време, безбедност, храна, присуство, а сè што гледате е она што не е во ред. Тоа не кажува ништо за тие луѓе, но кажува многу за нас, ако мериме и споредуваме, и ако тоа е нашата единствена цел. Останете дома, не затоа што другите не се доволно добри, туку затоа што сè уште не сте подготвени да бидете гостин, истакна таа.

Несовршеноста е убава

Удовичиќ објаснува дека оваа мисла не се однесува буквално на чистотата и хигиената, туку симболично на нашиот поглед на светот. Луѓето кои се фокусираат само на недостатоците, често ја промашуваат поентата – разговорот, вниманието и времето што некој им го посветил. Во секој дом има ситници кои се несовршени, но она што останува е атмосферата и намерата на домаќинот.

Според неа, начинот на кој го доживуваме туѓиот простор го одразува начинот на кој ги доживуваме односите. Ако влеземе во нечиј живот со критики и наоѓање маани, тешко е да изградиме блискост. Од друга страна, ако забележиме труд, топлина и желба да бидеме прифатени, односите стануваат подобри и поискрени.

Нејзината објава предизвика голем број реакции. Многумина признаа дека се препознале во оваа порака и сфатиле дека понекогаш, несвесно, обрнуваат повеќе внимание на малите нешта отколку на луѓето. Други истакнаа дека денешното општество често наметнува притисок за совршенство, од изгледот на домот до начинот на живот, па затоа луѓето се плашат од осуда дури и кога покануваат некого на гости.

Нејзината порака е едноставна: треба да се посвети повеќе внимание на луѓето отколку на деталите. Домот не е изложбен салон, туку простор каде што се споделува секојдневниот живот. А начинот на кој го гледаме може многу да каже за нас самите.

ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

The post Живот: Ако влезете во нечиј дом и прво што забележите е прашината, не се враќајте во таа куќа, не затоа што таа не е чиста, туку затоа што вашето срце не е appeared first on OhridPress.

Scroll to Top