
Скопје, 18. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – Макфестовската баладa „За тебе можам сè“ на Марија Спасовска визуелизирана со видеоспот.
Покрај сигурната и впечатлива фестивалска изведба, младата пејачка сè повеќе се наметнува и како зрел кантавтор, покажувајќи завидна умешност и знаење и во компонирањето на песни што долго остануваат, во овој случај зачинета со одличното аранжманско решение на Николче Мицевски.
„За тебе можам сè“ е токму таква, една од оние кои нималку не се лесни ниту за автортво, ниту за изведба, зашто бараат и творечка зрелост и посебна вокално – изведувачка експресија за да се донесат на сцената.
Токму тие макфестовски моменти Марија ги искористила и во видеоспотот, дополнето со едноставни кадри кои и сликовито ја комплетираат приказната. За видеото се погрижи екипата на Artistic Film.
Инаку баладата „За тебе можам сè“ е дел од нејзиниот дебитантски албум „Седатив“, промовиран годинава. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
The post Макфестовската баладa „За тебе можам сè“ на Марија Спасовска доби видеоспот appeared first on OhridPress.