Супер радио Охрид

SUPER RADIO · OHRID
СУПЕР РАДИО
Во живо · Ohrid, Macedonia
♫ NOW PLAYING
Live radio
СУПЕР РАДИО
Press play to listen live

Author name: cloud_max

Uncategorized

Со положување свежо цвеќе се одбележа 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид

Охрид, 7. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот, д-р Кирил Пецаков, денеска, во чест на 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на хероината Јасна Ристеска во село Рамне, каде што се одржа панихида и културен настан подготвен од најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Градоначалникот Пецаков положи свежо цвеќе и пред спомен обележјата на борците во Спомен паркот на револуцијата и го проследи краткиот историски час, подготвен од Сојузот на борци од Охрид и Дебрца. Делегации на Општина Охрид предводени од советниците во општинскиот Совет положија свежо цвеќе пред спомен обележјата од НОБ кај Градски гробишта, Градски парк, Основен суд, двор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид

Uncategorized

Стружанец физички нападнат во селото Долна Белица

Струга, 7. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 6 ноември 2025 година, во 17:40 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во струшкото село Долна Белица, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на лице од селото врз 48-годишник од Струга. – По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

Uncategorized

СВР Охрид поднесе пријава против лицето во чиј угостителски објект во Мешеишта се пронајдени муниција, пушки, 488 стебла канабис, пиштол, сандак со куршуми…

Охрид, 7. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишно лице од селото Подмоље, Општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл. 215 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл. 396 од Кривичниот законик. – На 30 октомври 2025 година, при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа кутија со 25 куршуми и паковка со кокаин. При претрес извршен на 31 октомври 2025 година, по судска наредба, во поранешен угостителски објект во селото Мешеишта, општина Дебрца, што тој го користел, пронајдени и одземени се вкупно 1.357 парчиња муниција различен калибар, 488 стебла од растението канабис, еден метален сандак со куршуми калибар 7,62 милиметри, два стари револвери, еден пиштол калибар 7.65 милиметри, две автоматски пушки, еден тромблонски држач, едно тело и една иницијална каписла од рачна бомба, кои, нелегално ги поседувал, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

Uncategorized

Повеќе од три децении по улица „Охридска“: Супер радио стигна до број 33

Охрид, 7. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од три децении силно и цврсто чекориме по улица „Охридска“ и стигнавме до број 33. Остануваме мало парче слободна територија каде едни медиумски Спартанци не даваат да изгасне кандилцето на Охридизмот. Со ваква порака од охридското Супер радио денеска ја заокружуваат 33 година од постоењето и започнуваат ново поглавје. – Конечно е тука денот кога дуваме неверојатни 33 свеќи на роденденската торта. Токму денеска започнува ново заедничко патување со слушателите со кои се дружиме повеќе од три децении. Какво само патување беше ова, со толку многу луѓе кои продефилираа низ радиото. На градот и државата им дадовме пред се’ луѓе со крената глава, чиста мисла, со став без страв, со искрени предлози за подобро утре на сите. Дадовме пратеници, директори, водители, новинари, портпароли… Дадовме се’ што имавме, а побаравме само шанса да работиме и да живееме и уживаме во овој, еден на светот град. Денеска славиме заедно и наздравуваме за новите почетоци, новото време, новите медиуми и се’ она ново и возбудливо кое е пред нас. Нека е за многу години и да се слушаме и гледаме во убаво и за убаво… Улицата е „Охридска“, бројот 33, потенцираат од водечкиот медиум во регионот. Додаваат дека денеска е ден за заеднички да наздравиме за следните години да поминат во ист ритам. – Денеска, кога стигнавме до Исусовите 33, заедно со сите колеги чекориме по медиумската Виа Долороса. Сепак, повеќе од 30 години останавме ненаметлив, но гласен и моќен дел од животот во градот. Виновни сме за одличната музика која ја учевме од најдобрите, за брзите и проверени информации – исто така, но и за сета позитивна енергија што ја споделувавме со вас – најдобрите слушатели на целиот свет. Вие сте повеќе од тоа, вие сте нашиот верен сопатник, пријател и гласот на народот и градот. Секој ден снимаме, фотографираме, промовираме, помагаме, не се жалиме, не бараме ништо од никого… Продолжуваме со истата љубов и страст кон радиото и со прошетката по улица „Охридска“. Стигнавме до број 33 и остануваме слободна територија од која не даваме кандилцето на Охридизмот да изгасне. Одиме понатаму, заедно и силно, велат од Супер радио. Роденденот ќе го одбележат со посебно прилагодена програма и со промоција на новата веб страница на радиото, прилагодена на сите модерни светски стандарди. Според сите анкети на АВМУ, Супер радио е убедливо најдобрата, најслушана и највлијателната локална радио станица во овој регион на Република Македонија. Потврда за успешната работа на радио станицата дојде и од локалната заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба во 2017 година за досегашната успешна работа и придонес за градот. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

Uncategorized

Муабети од Охрид и околината: За занимањата кои денес ги нема…

Охрид, 7. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во популарната Facebook група Муабети од Охрид и околината, од 2020 година, кога е отворена, секојдневно се споделуваат прекрасни приказни за Охрид и околината, вистински спомени од едно минато време, некогашниот начин на живот, но и спомени за луѓе и настани кои оставиле сериозен печат во времето. Со одобрение од администраторот, на OhridPress ќе споделуваме дел од најубавите приказни, се’ во насока да не се заборават најубавите спомени и настани од најубавиот град. Истите ќе бидат споделувани автентично, најчесто на охридски дијалект. За занимањата кои веќе ги нема Денеска ми текна за некој занимања кој денеска ги немат или се поинакви. Порано по чаршија к’ј дуќаните или брашнарите стоеја амали. Ако некој купеше шпоре или подоцна некаква машина, фрижидер или слично, пред дуќан стоеја амали кои то го носеја до дома. Појќето имаја колички на тургајне на која се клаваше купената роба, се врзвеше со фортоми и се носеше по куќи. Имаше и амали кој немаја колички, а беа крупни, јаки и робата ја носеја на рамо. Појќето амали стоеја и к’ј Чинарот и кој имаше потреба тука ги бараше. Каршија Чинарот имаше брашнара, работаше Насте, и оттука амалите носеја врешчина со брашно по куќите. Тогаш ретко се купвеше брашно по кило, две, скоро сите купвеја врешчина. Тие шо имаја ниви со жито, го носеја житото на водејнца и оттаму го земаја брашното. Од тие амали на кои се сетив сега, ќе ги спомнам Сабри кој седеше пред ПТТ, Џафер – каршија шумсконо, Коне кој работаше во „Застава“, а поручек работаше ко амал и други. Друго занимајне кое сега се изгуби е поврзано со коларите. Коларите имаја коли кои ги тргаше којн или магаре. Отпрвин колите беја помали, после се јавија поголеми кои се викаја шпедитер коли. Со нив носевме градежни материјали како песок, железо, цименто…од стовариштата. Тогаш стоваришта беја к’ј фармана од „Рибар“, пред сервисон „Галеб“ од „Слобода“, к’ј Алтанин мост од „Горица“ и после к’ј дрварана Воска од „Охридска Трговија“. Ги памтам неколку: Имер, Зија, Нафис (татко му од Насер фарбарон)… сите од Воска. Некој работи се носеја и со којни или магарина, луѓето кои ја работаја ги викавме кираџи. Обично носеја кошој со грозје, јаболка од лозјата и нивите. Појќето беја од Велесто или Којнско. Со којните или магарина носеја нешчо за продавајне на пазар. Го памтам Стефан водејнчарот кој имаше бел којн и ни носеше сомлено брашно од водејнцата под Рамне. Ко почнаја низ градов да се возет појке коли, милицијава не ги оставаше да одет низ улициве или на пазар со којни, магарина. Памтам дека појќето од Велесто којните ги оставаја и врзвеја дома к’ј нас во куќата стара. Сите тие шо ги оставаја којните, обавезно ќе седнеа и останвеја ушче некое време со татко ми под лозница на по една ракија. Такво беше времето, луѓето работаја секакви работи за да го турнет животот. објавил Ѓорги Љатко Објавите во Facebook групата Муабети од Охрид и околината можете да ги следите ОВДЕ. (Крај) извор: ОхридПрес/Муабети од Охрид и околината фото: хрид Слики од минатото

Super Fresh Music

Steve Aoki feat Jessica Baio, Kabu & Trippie Redd – Radio

Подгответе се за уште една експлозија на звукот. Steve Aoki, светски познатиот DJ и продуцент, заедно со Trippie Redd, контроверзниот рапер познат по својот уникатен стил, Jessica Baio, талентираната вокалистка и Kabu, новата надеж на музичката сцена, го создадоа новиот супер сингл, одличната „Radio“. Станува збор за совршена комбинација од енергични електронски ритмови на Aoki, рап делници на Trippie, залиени со неверојатните вокали на Jessica и Kabu. „Radio“ ќе ве натера да танцувате и да ја пеете секоја строфа, со заразниот ритам и моќните вокали кои ги носи. Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ!

Super Fresh Music

Tiziano Ferro – Fingo&Spingo

Годината беше 2001 кога за прв пат слушнавме за младиот музичар од Италија Tiziano Ferro, кој постигна светски успех со песната „Perdono“. „Fingo&Spingo“ го означува неговото враќање со еден суров поглед на животот на човек кој научил да креира многу верзии од себе, а сега ја бара вистината. Во новиот сингл, неговиот глас е моќен, но ранлив, бидејќи признава дека жртвата на уметничкиот успех може да повлече тишина и загуба. Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ!

Super Fresh Music

Rosalía feat Björk & Yves Tumor – Berghain

Шпанската арт-поп уметница Rosalía се враќа со „Berghain“, првиот сингл од нејзиниот претстоен албум „Lux“, на кој гостува и исландската поп-дива Björk и американскиот експериментален уметник Yves Tumor. Песната означува нова кулминација во нејзината звучна еволуција, комбинирајќи симфониска драма со прецизност на авант-поп. Нејзиниот наслов, инспириран од озлогласениот берлински клуб, ја трансформира сликата за хедонистичко бегство во нешто речиси свето: духовно будење завиткано во висока уметност. Продуцирана во соработка со Лондонскиот симфониски оркестар и диригирана од Daníel Bjarnason, песната содржи бујни оркестрации кои се менуваат помеѓу трогателна интимност и величина. Гласот на Rosalía продира низ симфониските слоеви како да се обидува да ги надмине самите инструменти. Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ!

Super Fresh Music

Goran Bregović – Ouzo & Banana

Горан Бреговиќ има нов сингл „Ouzo and Banana“, кој е снимен заедно со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“ и ветува дека ќе ја поведе публиката на патување низ единствената мешавина од традиционални и современи звуци, стил што ја карактеризира и одбележа неговата кариера. Синглот е компониран од Бреговиќ, кој ги потпишува и текстот и музиката, додека на вокалите ги имаме и Мухарем Реџепи (Гоч), како и Људмила Раткова и Данијела Раткова. Со „Ouzo and Banana“, Горан Бреговиќ продолжува да го покажува да ги спојува традиционалните балкански звуци со современи елементи, создавајќи искуство кое ги слави животот, музиката и културната разновидност. Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ!

Super Fresh Music

Don Diablo – Little Lies

Don Pepijn Schipper, или познат како Don Diablo е холандски DJ, продуцент, музичар и композитор на електронска dance музика. Тој важи за еден од самите пионери на future house музиката и беше број 6 на листата Top 100 DJ-и според DJ Mag во 2020 година. Don Diablo го завршува триумфално летото со прерабтоката на „Little Lies“, класика на групата Fleetwood Mac од 1987 година, што е прв пат бендот да дозволи денс-електронски уметник да користи семпл од оваа песна. Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ!

Scroll to Top