Супер радио Охрид

SUPER RADIO · OHRID
СУПЕР РАДИО
Во живо · Ohrid, Macedonia
♫ NOW PLAYING
Live radio
СУПЕР РАДИО
Press play to listen live

Author name: cloud_max

Uncategorized

„Срамизам“: Ново-стара мини-депонија после тунелот (Фото)

Охрид, 7. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот. – Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже. Денешниот „срамизам“ сведочи за продолжената „пракса“ за креирање на мини-депонија на патниот правец Охрид-Свети Наум, после тунелите. За истото веќе пишувавме во февруари годинава, но… Е па пријатели… Срамизам… (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес The post „Срамизам“: Ново-стара мини-депонија после тунелот (Фото) appeared first on OhridPress.

Uncategorized

OhridIN на денот, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта: 14.11.2026 година: Плажа „Горица 1“ (Видео)

Охрид, 14. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната, празнична доза е снимена утрово, кај плажата „Горица 1“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на лекот, консултирајте се со Вашата омилена туристичка агенција или закажете сместување лично… извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес The post OhridIN на денот, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта: 14.11.2026 година: Плажа „Горица 1“ (Видео) appeared first on OhridPress.

Uncategorized

Охрид најубав: 14. ноември 2026 година: Есенска убавина кај „Горица“

Охрид, 14. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово со есенски мотив од потегот кај „Горица“. Локација: https://h1.nu/1BYHh (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav The post Охрид најубав: 14. ноември 2026 година: Есенска убавина кај „Горица“ appeared first on OhridPress.

Uncategorized

Петок 13-ти, суеверие, несреќа или само обичен ден

Охрид, 13. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – Милиони луѓе во светот на петок 13-ти остануваат дома за да избегнат некаква несреќа, не допираат остри предмети, не преземаат ризици и поголеми активности, убедени дека ќе им се случи нешто лошо. Зошто токму петок 13-ти се смета за несреќен ден кај луѓето? Суеверието поврзано со овој ден има и историско и библиско значење. На последната Исусова вечера присуствувале 13 гости, а Велипеток е денот на распнувањето на Исус Христос. Дворецот на цар Соломон бил уништен во петок, а Ева му го дала јаболкото на гревот на Адам исто така во петок. Наспроти суеверијата постојат и тврдења поврзани со бројот тринаесет дека на одредени луѓе им се случувале непријатни работи токму на овој ден. Еден од првите забележани историски настани што се случи во петок на 13-ти беше апсењето на сите членови на редот „Витези Темплари“ низ цела Франција, наредено од францускиот крал Филип IV на 13-ти октомври 1307 година. Налогот за апсење на големиот мајстор Жак де Моле, кој живеел во Париз, исто така е извршен на 13-ти октомври 1307 година. Оваа акција на крај довела до укинување на Темпларскиот ред од страна на папата. Некои од нив се разболувале на овој ден или пак им се случувале несреќи. Психолозите научното објаснување за тоа го наоѓаат во самата одбивност или преокупираност на луѓето поттикнато од приближувањето на тој ден. Затоа тој ден кај нив вниманието е насочено многу повеќе кон она што ќе случи, и од невнимание кон се останато самите си ги предизвикуваат непријатните работи. Често се случува луѓето да се поврзани со немоќ од одредени предрасуди, слабост или изнесување на туѓи искажувања и искуства. Но сепак стравот од суеверието е поврзан со погрешна проценка на одредени ситуации. Наспроти верувањето дека станува збор за баксузен ден, за многумина петок 13-ти е исклучително среќен ден. Некои од најголемите добивки на игрите на среќа во светот се случиле на овој ден. Според статистиките  на осигурителните компании во светот се покажува дека бројот на случаи на кражби или пожари кои се појавиле на петок 13-ти во месецот низ годините е рамен на нула. (Крај) извор: ОхридПрес фото: архива The post Петок 13-ти, суеверие, несреќа или само обичен ден appeared first on OhridPress.

Uncategorized

SUPER Fresh Music: Idra Kayne – Red Flag

Охрид, 13. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – Одличната Idra Kayne ја претстави својата нова песна „Red Flag“, објавена токму денеска, на 13 ноември 2026 година, која означува уште еден чекор во музичкото патување на изведувачката, која го обликува својот уметнички идентитет преку влијанија од soul, R&B и модерната pop музика. Ако сакате disco и ако сте танцувале од срце на „Lil Boo Thang“ од Paul Russell, тогаш „Red Flag“ ќе стане вашиот нов фаворит и „сигурна песна“ на вашите плејлисти што ги слушате нон-стоп. Музиката и текстот се на Vaya Kalantzi, додека продукцијата е дело на Dj Rico. Снимањето, миксот и мастерингот се на Vasilis Avrantinis, кој придонесе за комплетирање на синглот. Со својот препознатлив глас и моќно сценско присуство, Idra Kayne се издвојува по леснотијата со која комбинира различни музички жанрови, создавајќи личен звук со меѓународни референци. Нејзината кариера вклучува и лични изданија, како и соработки и настапи во живо кои ги истакнаа нејзините интерпретативни способности. Веќе ја слушаме на СУПЕР. Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на водечкиот медиум во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај) извор: ОхридПрес фото: YouTube screenshot The post SUPER Fresh Music: Idra Kayne – Red Flag appeared first on OhridPress.

Uncategorized

Легендарните U2 денеска го издаваат новиот албум „Carnaval de Luz“

Охрид, 13. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – Речиси педесет години по нивното формирање во Даблин, U2 докажуваат дека сè уште имаат многу да кажат. Нивниот шеснаесетти студиски албум, „Carnaval de Luz“, ќе биде издаден токму денеска, како нивен прв целосен албум со оригинални песни од „Songs of Experience“ од 2017 година. Продуциран од Jacknife Lee, бендот претставува албум со дванаесет нови композиции кои го комбинираат нивниот карактеристичен рок идентитет со поп, денс и електронски влијанија. Насловот „Carnaval de Luz“, што на шпански и португалски значи „Карневал на светлината“, ја одразува основната филозофија на албумот. Во време на општествен конфликт и глобална несигурност, U2 избираат да зборуваат за надежта, љубовта, солидарноста и потребата од човечка поврзаност. Ова е нивниот трет албум во 2026 година, по EP-ата „Days of Ash“ и „Easter Lily“, кои беа објавени во февруари и април, соодветно. Трите дела се тематски поврзани, формирајќи поголем наратив околу загубата, преродбата и оптимизмот. Враќањето на Larry Mullen Jr. на тапани е клучен елемент на обновената динамика на бендот. Препознатливата гитара на The Edge, мелодичниот бас на Adam Clayton и експресивниот глас на Bono создаваат звук кој е веднаш препознатлив, но посветол и поотворен. За разлика од „Songs of Experience“, во кој учествуваа многу различни продуценти, „Carnaval de Luz“ има поголема кохерентност, при што Jacknife Lee ја држи музичката интеракција на четворицата членови во центарот. Brian Eno, Ryan Tedder, Leo Abrahams и Martin Garrix. исто така учествуваа во неговото создавање. За да го промовираат новото издание, U2 одржаа специјален концерт во лондонскиот Tate Modern на 3 ноември за BBC Music, посветен на нивниот долгогодишен соработник Brian Eno. Настапот ќе се емитува подоцна во ноември на BBC Two, BBC Radio 2 и BBC Sounds. Независните продавници за плочи низ целиот свет, исто така, вчера одржуваа специјални сесии за слушање на албумот, додека луксузните CD и винил изданија ќе ги вклучат двата претходни EP-а. Бендот, исто така, ја најави светската турнеја „The Greatest Show on Earth“ за 2027 година. Веќе ги слушаме на СУПЕР. Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на водечкиот медиум во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај) извор: ОхридПрес фото: YouTube screenshot The post Легендарните U2 денеска го издаваат новиот албум „Carnaval de Luz“ appeared first on OhridPress.

Uncategorized

OhridIN на денот, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта: 13.11.2026 година: Парк центар, Градско пристаниште (Видео)

Охрид, 13. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната, празнична доза е снимена утрово, во центарот на градот, на потегот кај Градскиот парк и пристаништето. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на лекот, консултирајте се со Вашата омилена туристичка агенција или закажете сместување лично… извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес The post OhridIN на денот, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта: 13.11.2026 година: Парк центар, Градско пристаниште (Видео) appeared first on OhridPress.

Uncategorized

Охрид најубав: 13. ноември 2026 година: Градско пристаниште

Охрид, 13. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово со мотив од центарот на градот, кај Градското пристаниште. Локација: https://urli.info/1pmxb (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav The post Охрид најубав: 13. ноември 2026 година: Градско пристаниште appeared first on OhridPress.

Uncategorized

SUPER Fresh Music: Anastacia feat Jodok Cello – Cello

Охрид, 12. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – Одличната Anastacia ги здружи силите со швајцарскиот виолончелист Jodok Vuille, познат како Jodok Cello, на новата изведба на песната „Cello“, соработка која е дел од претстојниот албум на музичарот, „Cello“, кој треба да излезе на 19 март 2027 година. „Cello“, со музика и текст од германскиот уметник Udo Lindenberg, има нов интерпретативен пристап, преку средбата на препознатливиот глас на Anastacia со звукот на виолончелото. Соработката е дел од симфонискиот стил најавен со насловот на новиот албум на Jodok Cello, истакнувајќи ги можностите за коегзистенција на модерната поп и рок интерпретација со класичните гудачки инструменти. Од особен интерес е инцидентот што Jodok Vuille го сподели на социјалните мрежи кон крајот на август 2026 година. Во видео што го објави, музичарот е виден како свири виолончело во трговски центар во Швајцарија, кога полицајци му пришле и го замолиле да ја изведе „I’m Outta Love“, еден од најголемите хитови на Anastacia. Според неговиот опис, штом почнал да ја свири добро познатата мелодија, Anastacia неочекувано се појавила на местото и почнала да пее. Изненадувањето предизвикало возбуда кај присутните, претворајќи обичен музички настап во спонтана средба на двајцата уметници. Jodok Cello го опиша искуството како магично, опишувајќи ја атмосферата во трговскиот центар како особено електрична. Тој рече дека тоа е момент што никогаш нема да го заборави. Нивната нова соработка на „Cello“ сега ги зближува двајцата музичари на сосема друго ниво, комбинирајќи ја динамичната интерпретација на Anastacia со музичкиот идентитет на швајцарскиот виолончелист. Веќе ги слушаме на СУПЕР. Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на водечкиот медиум во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај) извор: ОхридПрес фото: YouTube screenshot

Uncategorized

OhridPress со поддршка за младите автори: „Не ми е срам“ е деби-синглот на младата и талентирана Неда Димкова

Охрид, 12. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – „Не ми е срам“ е насловен деби-синглот на младата и исклучително талентирана, 19-годишна вокалистка, Неда Димкова. Неда е студентка во прва година на Факултетот за музичка уметност, на отсекот за соло пеење, а оваа песна е нејзиниот прв, моќен чекор на македонската музичка сцена. – Музичкото парче е дело на Александар Масевски, кој се потпишува како комплетен автор и продуцент. Станува збор за модерен и софистициран спој на емотивна поп-балада со динамичен ритам, кој брзо го освојува слушателот. Песната е визуелизирана со естетски видеозапис во режија на младиот и креативен Бојан Василев, информираат од тимот на Неда. (Крај) извор: ОхридПрес фото: архива

Scroll to Top