Супер радио Охрид

SUPER RADIO · OHRID
СУПЕР РАДИО
Во живо · Ohrid, Macedonia
♫ NOW PLAYING
Live radio
СУПЕР РАДИО
Press play to listen live

Author name: cloud_max

Uncategorized

OhridIN на денот, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта: 12.11.2026 година: Центар, плоштад „Долна порта“, црква „Св. Никола Болнички“ (Видео)

Охрид, 12. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната, празнична доза е снимена утрово, во центарот на  градот, на потегот кај плоштадот „Долна порта“ и црквата „Свети Никола Болнички“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на лекот, консултирајте се со Вашата омилена туристичка агенција или закажете сместување лично… извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

Uncategorized

Охрид најубав: 12. ноември 2026 година: Долна порта

Охрид, 12. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово со мотив од центарот на градот, кај плоштадот „Долна порта“. Локација: https://h1.nu/1vtt2 (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav

Uncategorized

Општина Охрид: Во тек е постапка за присилна наплата на такса за фирмарина за 2023 година

Охрид, 11. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид ги потсетува сите граѓани, дека во согласност со одредбите за присилна наплата во Законот за даноци на имот (Сл. весник на РМ бр. 61/2004…151/21) и согласно одредбите во законот за Комунални такси (Сл. весник на РМ бр. 61/04… 23/16) во тек е постапка за присилна наплата по основ на комунална такса за фирмарина за 2023 година. – Сите обврзници на комунална такса-фирмарина кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени обврски, да ги подмират своите обврски најдоцна до 18 ноември 2026 година. Воедно, Ве информираме дека секое регистрирано лице како трговец поединц или правно лице има достапен увид во неговата финансиска картица, увид во изготвените решенија по кои се задолжени и истите може да ги платат електронски преку линкот за е-даноци на официјалната веб страна на Општина Охрид (https://edanoci.ohrid.gov.mk/). Потсетуваме дека претходно, Општина Охрид испрати електронски Опомени за неплатена комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица (т.е. трговци поединци и занаетчии) кои вршат дејност на територија на Општина Охрид. Од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Општина Охрид е во постапка на изготвување решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните, односно таксените обврзници, информираат од Општина Охрид. Додаваат дека доколку даночните и таксените обврзници не постапат по ваквото решение, се изготвува решение за блокада на банкарсктие сметки на обврзниците. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

Uncategorized

Лишени од слобода две лица од Струга и Велешта: Едниот управувал возило без возачка дозвола, другиот со забрана

Струга, 11. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи две информации за два сообраќајни прекршоци случени на територијата на ОВР Струга. На 11 ноември 2026 година, во 01:55 часот на улицата „ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 23-годишно лице од Струга. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „Фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршена контрола, било констатирано дека го управува возилото без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. Во друг случај, на 10 ноември 2026 година, во 12:20 часот, на улицата „Боро Хаџиески“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 35-годишно лице од струшкото село Велешта. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршена контрола било констатирано дека го управува возилото иако има забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. (Крај) извор: СВР Охрид фото: архива

Uncategorized

Полицијата трага по лице од Охрид за кое е пријавено дека се оддалечило од домот

Охрид, 11. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 10 ноември 2026 година, во 17:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 06:00 часот, З.С. од Охрид се оддалечил од семејниот дом. – Се преземаат мерки за негово пронаоѓање, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

Uncategorized

Општина Охрид ја доби наградата Youth Friendly Town за Југозападниот плански регион за 2026 година

Охрид, 11. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Младинскиот центар во Охрид, денеска беше свечено отворен Четвртиот Национален форум за младинска работа, на кој Општина Охрид официјално ја доби престижната национална награда „Младински пријателски град“ (Youth Friendly Town) за Југозападниот плански регион за 2026 година. На свеченото отворање на Форумот и доделувањето на наградата, пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков, кој истакна дека за него е особена чест и задоволство што денес Охрид е домаќин на овој значаен форум, кој ги обединува институциите, организациите, младинските работници и младите луѓе, со една заедничка цел, а тоа е создавање на подобри услови за младите и унапредување на младинските политики во нашата држава. – Охрид е град со богато културно и историско наследство, но истовремено и град кој својата иднина ја гледа во младите генерации. Затоа, за нас поддршката на младите не е само законска обврска, туку стратешка определба и инвестиција во иднината на локалната заедница. Општина Охрид во изминатиот период посветено работеше на воспоставување функционален систем за поддршка на младите. Особено сме горди на отворањето на Младинскиот центар во 2022 година. Ова место, денес претставува важен простор за младинско организирање, неформално образование, развој на вештини, волонтерство и активно учество во општествените процеси. Покрај тоа, Општина Охрид ги воспостави и институционалните механизми за младинско учество, а тоа се Локалниот совет на млади и Локалното младинско собрание. Исто така, донесовме и Локалната стратегија за млади, како основа за системско планирање и спроведување на младинските политики. ‎Но, секако нашата заложба не завршува тука. Следниот значаен чекор е отворање на Младинскиот културен центар. Во таа насока, веќе е реализиран јавен конкурс за идејно архитектонско решение за адаптација на постојниот објект во поранешната касарна, а избраното решение претставува основа за следните фази на проектот и неговата реализација. ‎Имаме визија да создадеме место кое ќе им припаѓа на младите. Простор во кој ќе се раѓаат нови идеи, ќе се развиваат таленти, ќе се создаваат културни содржини и ќе се поттикнува младинската креативност. Оваа можност сакам да ја искористам и да искажам голема благодарност што Општина Охрид е добитник на награда „Младински пријателски град“ за Југозападниот плански регион. Ова признание го доживуваме како потврда за досегашната работа, но и како дополнителна одговорност да продолжиме со унапредување на условите за младите. Mорам да нагласам дека оваа награда им припаѓа и на сите младински организации, младински работници, активисти и пред се на младите охриѓани, кои со својата посветеност придонесуваат Охрид да биде подобро место за живеење. Ви посакувам успешен форум, конструктивни дискусии и важни заклучоци. Верувам дека Охрид ќе биде место од кое ќе произлезат нови идеи, партнерства и иницијативи за подобра иднина на младите во Македонија, истакна Пецаков во своето обраќање. Во рамки на Форумот, градоначалникот Пецаков учествуваше и на панел-дискусијата посветена на темата „Од закон до локална реалност: институционална и финансиска поддршка за младинските центри и младинската работа“, заедно со градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски и градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски. Националниот форум за младинска работа се одржува од 10 до 12 ноември, во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА и Младинскиот центар Охрид, во партнерство со Министерството за социјална политика, демографија и млади, Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), Фондот за население на Обединетите нации (UNFPA), Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). (Крај) извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид

Uncategorized

Пријава за лице од струшко Делогожда кое фалсификувало уплатници за прекршочени налози во Охрид

Струга/Охрид, 11. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 20-годишно лице од струшкото село Делогожда, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „фалсификување исправа“. – На 5 август 2026 година, во Одделение за прекршоци Охрид, пријавениот поднел фалсификат уплатници за наплатени прекршочени налози. Од извршената контрола утврдено е дека уплатниците биле фалсификат и на тој начин причинил штета на државниот буџет, информираат од МВР. (Крај) извор: МВР фото: ОхридПрес

Uncategorized

„Охридска лектира“: Се сеќавате ли на видеотеките, снимките на кои стануваа луѓе, се тресеше камерата…

Охрид, 11. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – Се сеќавате ли на институцијата видеотека, местата од каде изнајмувавме филмови на старите VHS касети, често снимани со камера директно од проекција на филмско платно, каде на дел од снимките можеше да се случи да стане некој во публиката и да го видите како шетка по екранот, кога едвај се слушаше звукот, кога се тресеше камерата… Беа тоа едни убави времиња, кога видео рекордерите беа единствената можност да се сними или репродуцира некој видео материјал. Тогаш сите имавме по неколку видео касети насловени СПОТОВИ, некој филм, НАРОДНО, ЗАБАВНО и слично… Тие стари VHS касети сигурно се веќе по подруми или исфрлени, но емоциите што тие ни ги донесоа се бесценети и засекогаш остануваат дел од нашите сеќавања. Во Охрид едно време имаше огромен број видеотеки, секое маало си имаше вакви места каде можеше да се изнајми некој филм. Заедно со читателите на OhridPress и Супер радио, ние се сетивме на „Казабланка“ на Љупчо Паунко и Ѓоко Симјаноски наспроти Полиција, видеотеката „Филип“ на Зоки на „Галичица“, „Холивуд“ до „Слобода“, ZZ Top, SM во ТЦ „Амам“, „Орко“ во Варош, „Алф“ од тетка Трајанка во Турска чаршија, наспрот „Џексон“, во „Скалеста зграда“ до „Интерспорт“, „Владо“ во близина на маркет „Бозо“, „Лукан“ до денешна пицерија „Леонардо“, на „MX“ со Зоки и Јулијан, на „Панта“ во истата зграда позaди „Мини Маркет“, но од другата страна, кон плоштадчето, на „Кукузел“ на улица „Самоилова“, „Чале“ во Пештани, „ВИР“ во Влашка Маала… Ако се сеќавате на вашите, допишете ги во коментар и ќе ги додадеме во текстот. Пратете ни и некоја стара слика ако имате… Денес, кога секој филм ни е достапен со еден клик на екранот во ултра висока резолуција, како да ни недостигаат овие времиња, кога сликата на телевизорот мрдаше, кога боите се разлеваа, кога се местеше антената на покривот, кога лентата знаеше да се заглави во плеерот на половина филм. Тогаш како да имавме повеќе време едни за други, а една обична видео касета со филм со катастрофална снимка можеше да ни го направи денот незаборавен. Зошто не беше за филмот или квалитетот, туку беше за дружбата, насмевките и убаво поминатото време со најблиските и пријателите. Институцијата видеотека сосема заслужено дел од „Охридската лектира“ и топ сеќавање од минатото на Охрид. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

Uncategorized

Да го оживееме стариот Охрид: AI „видео“ од манастирот „Свети Наум“, околу 1930 година

Охрид, 11. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледаат стари фотографии на кои е прикажан делот кај манастирот „Свети Наум“ околу 1930 година, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. Следете не на Facebook и YouTube за повеќе вакви видеа. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид, слики од минатото

Uncategorized

OhridIN на денот, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта: 11.11.2026 година: Од Билјанини извори до Градско пристаниште (Видео)

Охрид, 11. ноември 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната, празнична доза е снимена утрово, на потегот од Од Билјанини извори до Градското пристаниште. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на лекот, консултирајте се со Вашата омилена туристичка агенција или закажете сместување лично… извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

Scroll to Top